Тим на швајцарски научници создадоа робот сличен на инсект кој не само што потсетува на бубачка, туку може да издржи удари и да остане неоштетен.
Новиот робот еден ден би можел да стане дел од механички рој кој би можел да извршува разни задачи, а високата отпорност би можела да овозможи тие задачи да се извршуваат во сложени услови кое ниту едно живо суштество не би можело да ги издржи. Информациите за проектот се објавени во списанието Science Robotics, а може да се прочита дека роботот го доби името DEAnsect и се движи три сантиметри во секунда благодарение на вештачките мускули.
Произведени се два вида – еден со кој се управува преку тенки жици, и другиот кој е автономен, и тежи само еден грам – заедно со батеријата и останатите компоненти.
Роботите имаат микро-управувач и фотодиоди кои служат како очи и можат да прават разлика помеѓу црни и бели шаблони, благодарение на тоа што можат да следат кој било патоказ кој е нацртан на некоја површина. Роботите можат да издржат разни примени на сила, па остануваат недопрени дури и откако некој ќе се обиде да ги прегази.
Извор: PCPress.rs