Redmi 8 е неодамна претставен (во текот на октомври), а според наводите, Xiaomi Redmi 9 е веќе во подготовка и се очекува наскоро. Новите гласини сугерираат дека Redmi 9 ќе биде претставен порано во текот на следната година, како и дека ќе го покренува MediaTek Helio G70 чипсет, чија најава се очекува.
Барем според ознаките во името, се очекува дека Helio G70 чипсетот ќе биде сместен под G90 моделот според можностите и дека е наменет за подостапните телефони.
Се истакнува и дека Redmi 9 ќе има 6,6-инчен дисплеј со засек, а ќе има 4GB RAM и 64GB простор за складирање податоци за основниот модел. Веројатно ќе постојат и опции со поинакви капацитети на меморија и складирање.
Не би било изненадување и доколку Redmi 9 пристигне со MIUI 11 од самиот старт, а овој интерфејс е заснован на Android 10. Се очекуваат и некои помали подобрувања на камерите.
Поврзани артикли