OnePlus за следната година подготвува голем број нови телефони, а сега имаме информации за OnePlus 8 Pro моделот. Според најновите гласини, следната година не очекуваат OnePlus 8, OnePlus 8 Lite и OnePlus 8 Pro моделите.
Новиот премиум OnePlus 8 Pro ќе користи Qualcomm Snapdragon 865 чипсет, што значи дека ќе нуди 5G конекција. Телефонот пристигнува со 6,7-инчен punch-hole дисплеј со две предни камери (32MP и Time-of-Flight). Ова ќе овозможи 3D препознавање на лице, што ќе биде нова функција на OnePlus телефоните.
Покрај ова, екранот ќе има 3180 x 1440p резолуција, со освежување од 120Hz. Покрај тоа, телефонот ќе има дури две батерии. Гласините сугерираат дека кинеската компанија ќе имплементира 2 x 2250mAh, кои ќе сочинуваат голема 4500mAh батерија, а за полнењето ќе користи 50W Super Warp Charge технологија.
На задната страна на телефонот се очекуваат 60MP главна камера, како и 16MP и 13MP сензори. OnePlus 8 Pro, според наводите, ќе поддржува 10X хибридно зумирање.
Извештајот споменува и 8GB + 128GB, 8GB + 256GB, како и 12GB + 512GB верзии, кога се во прашање меморијата и просторот за складирање податоци. Секој од овие модели би требало да користи LPDDR5 RAM и UFS 3.0 складирање.
На крајот, кога се во прашање цените, се очекува дека OnePlus 8 Pro ќе чини 645, 715 и 790 долари, во зависност од моделот.
Поврзани артикли