Кинеската компанија Oppo следната недела ќе го претстави својот нов Reno 3 Pro, кој според досегашните најави би требало да биде еден од најтенките 5G паметни телефони досега.

Покрај моделот Pro, Oppo ќе претстави и послаба верзија на Reno 3, којa исто така ќе поддржува 5G стандард.

Oppo Reno 3 Pro е телефон чија дебелина изнесува само 7,7 милиметри. Потпретседателот на компанијата Брајан Шин тврди дека тоа го прави еден од најтенките 5G телефони во својата класа. Моделот Reno 3 е нешто подебел – 7,96 милиметри.

Како процесор на најтенкиот 5G паметен телефон, медиумите наведуваат два модели – MediaTek Dimensity 1000 и Qualcomm Snapdragon 765G.

Oppo Reno 3 Pro е телефон со AMOLED екран со дијагонала од 6,5 инчи, кој во основната конфигурација има 8GB RAM и 128GB внатрешна меморија. Во понудата ќе се најде во комбинација од 12GB/128GB и 12GB/256GB. Телефонот го напојува батерија со капацитет од 4.025 mAh.

Reno 3 е опремен со систем од четири задни камери од кои главната е широкоаголна и има сензор од 64MP.

Oppo Reno 3 Pro и Reno 3 ќе бидат претставени на 26-ти декември во Кина. Се очекува телефоните набрзо да станат силна конкуренција на моделите на технолошките гиганти како Huawei и Xiaomi. Иако сè уште нема информации за излегувањето на “најтенкиот Кинез” на пазарите надвор од Кина, се очекува тој за кратко време да пристигне и во Европа со тоа што Oppo ги пласира своите производи во повеќе земји на Стариот континент.

Извор: Telegraf.rs