АВТОВАЗ најави: автомобилот има модернизиран ентериер, поудобен е и побезбеден.
Модернизираната Lada 4×4 има нова инструмент-табла. Се одликува со нова единица за контрола на климата. Трите рачки на вртење и електронската контрола на греењето и рециркулацијата, како и новите цевки за вентилација, го прават системот поефикасен и попрактичен за употреба. Во автомобилот има два приклучоци од 12V, а брзинометарот, мерачот на вртежи и компјутерот сега имаат бело осветлување што овозможува видливост.
Држачот за чаши ја смени формата, се појави и вдлабнатина за ситни предмети. Возилото има нов тапацир на плафонот и вграден блок на рускиот систем за брза реакција во случај на несреќа ЭРА-ГЛОНАСС. Надградени се ракофатите над вратите и предниот визир, а носачите на предните стакла добија посовремен изглед.
Седиштата се поудобни и имаат посилна потпора од страна. Предните седишта во моделот со три врати имаат нов систем на преклопување, а задните седишта сега имаат два потпирачи за глава.
За да може ентериерот да изгледа хармонично, сите промени се направени во стилот на класичниот дизајн.
Звучната изолација е зајакната благодарение на новите носачи на моторот кои ги намалуваат вибрациите, како и подобрениот пакет за изолација на звукот и вибрациите на каросеријата.
Наведените измени ги имаат сите возила од семејството Лада 4х4, а модификацијата Urban покрај тоа има и вградени светла за магла на предниот браник.
Кога автомобилот ќе се најде во продажба, какви комплети ќе има во понудата и по кои цени АВТОВАЗ ќе објави дополнително.
Извор: Russia Beyond
Поврзани артикли