Европското вселенско летало е лансирано од Јужна Америка на тригодишна мисија за да ги проучува планетите во другите соларни системи.
Сателитот Кеопс (CHEOPS) – телескоп за проучување на егзопланетите, лансиран е од местото Куру, Гвајана, во 9,45 часот по средноевропско време на руската ракета Сојуз.
Телескопот ќе се усмери на светлите ѕвезди за да ја одредат големината на планетите додека минуваат пoкрај нив. Швајцарскиот астроном и добитник на Нобелова награда за физика, Дидиј Келоз, кој е на чело на научниот тим на Кеопс, изјави за АП порано оваа недела дека мисијата ќе биде насочена на 100 од повеќе од 4.000 егзопланети пронајдени надвор од нашиот сончев систем досега.
Делумно, тие ќе се обидат да утврдат дали постои можност да постои планета како Земјата што може да се одржи живот.
“Ние сме еден планетарен систем меѓу многумина. Се тоа има врска со нашето место во универзумот и обидот да го разбереме. Вселенскиот телескоп ќе ги анализира густините и радиусите на егзопланетите и ќе утврди дали тие имаат атмосфери”, рече Келоз.
„Ние не знаеме ништо друго освен дека тие се таму“, додаде тој.
Ракетата однесе и сателит за набљудување на Земјата за италијанската вселенска агенција која им служи на научниците и на трговските и на владините клиенти, соопшти компанијата за лансирање „Арианеспејс“ (Arianespace).
Извор: B92.net
Поврзани артикли