Изминатиот викенд Пакомак го затвори овогодинешното издание на конкурсот„Trash for Art“ и ги прогласи имињата на добитниците на награди. Пријавените дела се натпреваруваа во три категории, а во секоја од категориите беа предвидени по три парични награди.
Во категоријата основни училишта, парични награди добија за 1 место – ПОУ „Гоце Делчев” – Неготино со делото “Овци”, 2 место – ООУ „Јоаким Крчовски” – Kрива Паланка со делото “Паун”, додека 3 место – ООУ „Димче А. Габерот” – Демир Капија со делото “Лимен човек”
Во категоријата градинки, наградите ги освоија: 1 место – ЈОУДГ „Борис Трајковски“ Демир Капија со делото “Кенгур”, 2 место – ЈОУДГ „Димче Мирчев” Велес со делото “Був”, додека 3 место – Приватна детска градинка „Грин Хаус” Скопје со дело на тема “Моцарт”
Конкурсот „Trash for Art“ беше отворен за возрасни и деца, а неговата цел е да ги потсети граѓаните на нашата земја дека отпадот може да заземе различна форма и да добие нов живот, благодарение на умствената креативност и вештиот допир. Оваа година беа поднесени голем број дела, а најдобрите од нив, кои беа наградени, ќе останат во трајна сопственост на Пакомак. Повеќе информации за конкурсот и наградените дела можете да најдете на www.pakomak.com.mk.