Амазон фрли око на дури две нови локации за своето ново седиште, Њујорк и предградието на Вашингтон.

Онлајн шопинг гигантот ја заврши својата потрага која траеше 14 месеци за други седишта кои ќе бидат сместени на Лонг Ајленд (Квинс) и во Арлингтон (Вирџинија).

Станува збор за локации покрај вода кои се оддалечени од деловната област со цел Амазон да има простор за ширење.

Амазон можеше да избере еден град кој е очаен за нови работни места, но наместо тоа одлучи да се смести во двата најголеми моќни центри во САД.

Причината за тоа е што и двете локации им нудат високи вештини на работниците кои ѝ се потребни на компанијата.

И двете локации така ќе понудат по 25.500 работни места, а се очекува дека платата ќе изнесува 15.000 долари годишно.

Воедно, Амазон поради оваа одлука може да очекува даночно олеснување во висина од 2 милијарди долари.

Амазон започна како онлајн продавница за книги, а сега стана огромен бизнис кој минатата година оствари промет од 180 милијарди долари.

Извор: Telegraf.rs