Boeing привремено го прекинува производството на своите проблематични 737 Max авиони од јануари следната година, соопшти производителот. Производството на авионите продолжи и покрај нивното приземјување на девет месеци, по двете трагични несреќи, пренесува Би-би-си.
Повеќе од 300 луѓе загинаа кога два авиони на моделот 737 Max се урнаа во Индонезија и Етиопија, откако пријавија проблеми со новата функција.
Boeing се надеваше дека авионот ќе лета до крајот на годинава. Но американските регулатори беа децидни, авионите нема да добијат дозвола за летање толку брзо.
Boeing е еден од најголемите американски извозници. Компанијата соопшти дека нема да отпушти работници поврзани со 737 Max, но дека нивното приземјување најверојатно ќе влијае на добавувачите и на пошироката економија.