На Меѓународната вселенска станица напролет ќе почне одгледување на канабис и кафе, се со цел на експерименти кои би требало да го испитаат влијанието на микрогравитацијата врз нив.
Компанијата Front Range Biosciences, во соработка со Универзитетот Колорадо и компанијата SpaceCells USA, следната пролет на станицата ќе испратат примероци од растенијата коноп и кафе. Оваа американска агро-технолошка компанија се занимава со проучување на новите варијации кај овие видови растенија, а новиот проект треба да го покаже влијанието на променетата гравитација врз нивниот развој. Растенијата би требало да пристигнат на станицата во март 2020 година, со товарната капсула Dragon, а ќе бидат испратени околу 480 примероци, кои ќе растат во контролирани услови.
Крајната цел на научниците е да испитаат колку различните услови, како микрогравитацијата и радијацијата, влијаат на крајното одгледување на растенијата. Поради климатските промени, разните растенија би требало да се прилагодат за одгледување на локации каде што претходно не успеале, бидејќи одгледувањето повеќе нема да биде возможно на претходните места. Еден од чекорите во овој процес е истражувањето на генетските промени на растенијата во вселената.
Поврзани артикли