Поранешниот СССР ја крие вистината за исчезнатата руска космонаутка во вселената. За неа се верува дека била првата жена испратена во вселената во 1961 година. На „Јутјуб“ е објавено видео од нејзината последна комуникација со советската вселенска агенција.
„Јутјуб“ видеото е со наслов Final Transmission Of The Lost Russian Cosmonaut.
Астронаут не може да биде секој, а личноста која се занимава со оваа работа, мора да има низа на способности и вештини. Но, ниту тоа не е гаранција дека ќе успее да се спаси во вселената, ако настане некаков дефект. Понекогаш мисиите знаат да завршат катастрофално.
Теоретичарите веруваат дека токму таква била мисијата на првата жена астронаутка, која Русите ја испратиле во вселената. Во екот на трката со САД, за тоа кој прв да ја освои вселената, на 12 април 1961 година, Русија успешно во орбитата го испратила својот прв човек, Јуриј Гаргарин.
Набрзо потоа стигнал одговор од САД, со испраќањето на Алан Шепард. Русите во трката се подготвиле да испратат уште еден човек. Овој пат во обид да го срушат рекордот на Гаргарин, пишува The Vintage News.
Терешкова била избрана за мисијата пред сè поради нејзиното огромно искуство во скокање со падобран. До моментот кога тргнала на пат на бродот Восток 6, таа направила 126 скока.
Руските астронаути на враќање на Земјата скокале од вселенскиот брод и се приземјувале со помош на падобран. Терешкова и уште четири жени 18 месеци напорно се подготвувале, а таа била најдобрата кандидатка и најдобро подготвена за оваа мисија. За нешто повеќе од 70 часа успеала да ја обиколили Земјата 48 пати.
Вистина е дека Терешкова имала проблем со ракетата за време на враќањето на Земјата, но сепак на крајот нејзината мисија завршила успешно.