Како што наближуваат новогодишните и божикните празници, сè почесто возачите сакаат преку своите миленици да ја покажат креативноста и да го изразат својот празничен дух.
Така, еден Британец го претвори својот автомобил Nissan Leaf во вистинска подвижна светлечка елка.
Со изминати 18.000 километри, просечниот возач на Nissan Leaf во Обединетото Кралство регенерира околу 744 киловатчасови „чиста“ електроенергија, што може да покрие една петтина од годишната потрошувачка на едно домаќинство.
Најпродаваниот електромобил во Европа е опремен со најнови иновативни технологии, коишто им овозможуваат на возачите да ја полнат батеријата додека го управуваат возилото, т.е. во движење. Во една од опциите, човекот практично може да вози само со една педала – онаа за гас. Сопирачката е излишна, зашто при секое отпуштање на гаста, автомобилот самиот нагло ја намалува брзината си благодарение на функцијата за брзо полнење на батеријата.