Дека во технолошкиот свет има разни финансиски злоупотреби не е ништо ново. Сепак, нови се софистицираните начини за собирање пари.
Shopin требаше да биде платформа каде купувачите ќе можат да купуваат преку интернет само со една сметка, слично како во вистинските трговски центри.
Исто така, во понудата беа и виртуелни Shopin токени кои би работеле на блокчејн технологија, при што многубројни инвеститори вложија дури 42 милиони американски долари во овој проект.
Сепак, ништо од ова не се оствари, со тоа што основачот на платформата Еран Раџал потроши скоро половина милион долари на забава, изнајмување луксузни станови, па дури и ескорт услуги.
Раџал, исто така им претстави на инвеститорите наводни партнерства со најголемите интернет продавници и брендови, што исто така се покажало како лажно.
Извор: Danas.rs