Два нови смартфона на Motorola, со броеви на моделите XT2045-2 и XT2041-4 се забележани на неколку сајтови за сертификација, а еден од нив е и Moto G8 Power.
Moto G8 Power (XT2041-4) е приметен на FCC листинг, а документацијата открива дека телефонот има голема батерија од 5000mAh. Откриени се и димензиите на телефонот преку прототип фотографија и покажуваат големина од 157.9 мм за должина и 75.8 мм за ширина. Дијагоналата од околу 6,5 инчи сугерира големина на дисплејот од околу 6,2 и 6,3 инчи без рамки.
Motorola G8 Power го носи кодното име Sofia, а телефонот се тестира со Android 10 софтвер, што го потврдува и Wi-Fi Alliance платформата за сертификација, каде што уредот е исто така забележан. Покрај тоа, телефонот е опремен со поддршка за dual-band 2.4G и 5G Wi-Fi.
Се сугерира дека Moto G8 Power би можел да има Snapdragon SM6125 SoC, кој е всушност Snapdragon 665 чипсет.
Поврзани артикли