Астрофизичарите планираат да ја следат вселената во наредните четири години.
Руската рентгенска опсерваторија „Спектар РГ” почна со набљудување на небото. Првото, пробно скенирање стручњаците на Институтот за вселенски истражувања на Руската академија на науки го спроведоа на 8 декември, соопшти службата за односи со јавноста на институтот.
Руските и германските телескопи, АRТ-ХС и eROSITA, поставени на опсерваторијата, ќе добиваат мапа на целото небо на секои шест месеци. Таа слика треба да биде неколку пати поосетлива од претходните слични мапи. Астрономите се надеваат дека благодарение на работата на „Спектар РГ” ќе можат да следат милиони извори на рендгенски зрачења во вселената. Следењето на целото небо, според плановите на научниците, ќе се одвива во текот на следните четири години.
„Спектар РГ” е заеднички руско-германски проект. Задачата на опсерваторијата е скенирање на небото во широк енергетски опсег со високоа чувствителност и аголна резолуција. Апаратот вклучува два уникатни рендгенски рефлексивни телескопи: ART-XC (Русија) и eROSITA (Германија). Телескопите се поставени на вселенската платформа „Навигатор“, која е прилагодена на задачите на проектот.
Опсерваторијата беше лансирана на ракета-носачи „Протон-М“ од космодромот Бајконур на 13 јули. Првите научни податоци и првата рендгенска снимка ги испрати на Земјата на 24 јуни.
Извор: Russia Beyond