Gmail овозможува во мејловите да се додаваат други мејлови

Способноста за препраќање на дојдовни мејлови е многу корисна бидејќи ја елиминира потребата copy-paste на текстот од пораките. Ако го користите овој метод за да испратите многу мејлови, лесно можете да бидете збунети од нивната последователност. Google посвети посебно внимание на ова прашање и работи на интересна карактеристика наречена „Email As Attachment“. Како што сугерира името, оваа опција ви овозможува да препратите е-пошта во Gmail како атачмент.

Компанијата во официјална објава на блогот „G Suites Updates“ потврди дека новата функција сега е достапна за некои корисници. Google се надева дека за неколку недели сите регистрирани сметки ќе можат да работат со „Email As Attachment“. Откако ќе го добиете ажурирањето, можете лесно да препратите мејл како атачмент. Целиот процес е максимално поедноставен и едноставно бара од вас да ја повлечете пораката што сакате да ја испратите во прозорецот за нова е-пошта.

Друга варијанта е да изберете пораки од вашето сандаче и да кликнете со десното копче на опцијата Forward as Attachment. Закачените мејлови ќе бидат достапни како .emi датотеки. Google тврди дека не постои ограничување на пораките што ќе ги праќате на овој начин