Веќе пишувавме за финансиските потешкотии на компанијата Loewe, германски бренд за луксузни технолошки производи (посебно телевизори).
Првиот ден на јули престанаа сите активности што се однесуваат на производството во компанијката, а поднесено беше барања за покренување на стечајна постапка. Тука во приказната навлезе кинеската компанија Hisense, моментно четвртиот најголем производител на телевизори во светот. Двете компании претходно соработуваа, а сега се зборува за планот на преземање на Loewe од компанијата Hisense.
Кинеската компанија наводно сака да изгради свој центар за истражување во Кронач, местото каде што се наоѓа седиштето на Loewe. Планот предвидува вработување на околу 100 вработени и се очекува стартување на производството на телевизори во рок од три месеци.
Сепак, во врска со Loewe постојат и други планови, како што е оној на британската инвестициска куќа RiverRock, која му даваше инвестиции и заеми на самиот Loewe. Тие имаат намера правата на името и брендот Loewe да и го продадат на компанијата Skytec, што воедно значи конечно гаснење на производството во Кронач.