Таканаречената „Војна за Huawei“ доби уште еден пресврт, и тоа така што кинеската влада ја забрани американската технологија во сите владини установи.
Беше само прашање на време кога Кина ќе го возврати ударот и да почне со мерки за забрана што влијаат врз работењето на компаниите кои доаѓаат од САД. Тоа конечно се случи, а во моментот кога на сите јавни институции во Пекинг им беше наредено да се ослободат од компјутерската опрема произведена во странски земји. До 2022 година, Кина треба да ги замени сите странски производи со локални и ова не е првпат оваа земја јавно да ги прогласи американските производи несакани на својата територија.
И другите земји сè повеќе работат на фаворизирање на технологијата произведена од локалните производители, па компаниите како Microsoft ќе претрпат сериозен удар во блиска иднина, a ништо подобро нема да поминат ни Dell, HP и Apple. И на крај, кога станува збор за технологијата, воопшто не е едноставно да се дефинира што е локален производ, бидејќи локалните производители како што е кинеската компанија Lenovo користат чипови од американскиот Intel, додека хард дисковите доаѓаат од корејскиот Samsung.
Поврзани артикли