Кога се во прашање мобилните уреди Microsoft веќе подолго време губи, бидејќи на пазарот владеат iOS и Android телефоните. Вистина е дека одреден број корисници и натаму зависат од Windows 10 Mobile, но и на тоа му дојде крајот, бидејќи оваа верзија на оперативниот систем се гаси на 10. декември.
Windows 10 Mobile по назначениот датум повеќе нема да добива ажурирања, закрпи и безбедносни решенија, па во случај да се појават нови ранливости, Microsoft повеќе нема да биде заинтересиран да ги решава. На корисниците, секако, им е препорачано да преминат на други оперативни системи, па се очекува Android или iOS наскоро да добијат засилување.
Крајот на Windows 10 Mobile верзијата, сепак, не значи дека Microsoft целосно го губи интересот за пазарот на мобилните уреди, со оглед на тоа што пред неколку месеци беше најавен Surface Duo, флексибилен телефон кој функционира со помош на Android оперативниот систем.