Бесплатните апликации најчесто се послаба верзија на професионалните апликации кои се плаќаат.
„Freemium“ е термин со кој се опишува можноста за бесплатно преземање апликации и игри. Имено, многу апликации и игри се достапни за преземање бесплатно, а корисниците плаќаат подоцна доколку сакаат да отклучат нови функции и да искусат повеќе.
Но, експертите советуваат давање еден долар или едно евро за апликација која не е „freemium“, доколку навистина се користи. Во бесплатните апликации има здодевни реклами, но и докажано ја забавуваат работата на телефонот бидејќи постојано работат во позадина и трошат повеќе интернет. За да се ослободите од нив, некогаш мора и да платите и повеќе отколку би ве чинела професионалната верзија од апликацијата.
Згора на тоа, докажано е дека рекламите ја трошат батеријата побрзо. Накратко, самите реклами даваат причини за избегнување на бесплатните апликации: дополнително го трошат интернетот, го забавуваат уредот и го скратуваат траењето на батеријата.
Во Google play продавницата моментално се наоѓаат над 1,6 милијарди апликации, од кои голем дел се лоши. Една причина е тоа што бесплатните апликации, кои се побарани, понекогаш се полошо дизајнирани, програмирани и одржувани од оние кои се плаќаат.