Делењето на веб-страниците помеѓу Chrome на различните уреди стана лесно, откако Google објави ажурирање за прегледникот во август. Функцијата за делење помеѓу уредите им овозможува на корисниците да испраќаат веб-страница од Windows 10 PC мобилен уред со помош на еден клик, под услов да се логирани на својата Google сметка.
Google сега креираше нов начин на брзо делење на веб-страници со други, а овојпат со помош на QR код. Оваа опција е забележана во најновиот build за Chrome Canary.
Засега функција е скриена во Chrome Canary верзијата, а доколку компјутерот на корисникот го има најновиот Canary build, може да се покрене преку chrome://flags. По ова, потребно е да се пребара “Enable sharing page via QR code” опцијата и да се избере “Enabled”. Потребно е рестартирање на Chrome за да може да се користи функцијата делење на страници.