Facebook казнет со четири милиони долари во Унгарија

Facebook ќе треба да плати казна од околу четири милиони долари, на Агенцијата за заштита на конкуренција во Унгарија поради доведување во заблуда на корисници. Тоа е најголема ваква казна во историјата на државата.

Унгарската агенција тврди дека Facebook ги рекламирал своите услуги како бесплатни, но дека компанијата заработувала пари од активности и податоци на корисниците, што може да се толкува како форма на плаќање, јавуваат унгарските медиуми.

Унгарската агенција наведува и дека пораката на Facebook пред која се рекламирале бесплатни услуги, била поставена во почетокот на 2010 година и дека е избришана во крајот на октомври оваа година.