Првичната јавна понуда на саудискиот државен нафтен гигант Aramco ќе биде најголема во историјата. Сепак, ќе биде значително помала од 2 билиона долари, како што најави принцот Мохамед бин Салман.
Aramco го проценува своето ИПО на 32 риали по акција, соопшти компанијата, која собра 25,6 милијарди американски долари, надминувајќи го рекордот на кинескиот гигант Alibaba во 2014 година од 25 милијарди долари.
Пазарната вредност на Aramco е 1,7 трилион долари, со што го надминува Apple како највредна компанија во светот. Сепак, излезот на саудиската берза, што се очекува кон крајот на овој месец, ќе биде многу поскромен отколку што најави Бин Салман.
Странските инвеститори не брзаат за акции на Aramco поради загриженоста во врска со климатските промени, политичкиот ризик и немањето транспарентност, поради што Саудијците се откажаа од своите амбиции да соберат до 100 милијарди американски долари за 5 проценти од акциите.
Наместо тоа, Aramco ќе се фокусира на продажба на 1,5 отсто од акциите на саудиските инвеститори и богатите држави од Заливот. Саудиските банки исто така им понудија евтини кредити на граѓаните за купување акции.
Поврзани артикли