Вашиот авион се подготвува да полета, а стјуардесата последен пат ве предупредува да ги исклучите сите електронски уреди. Го вклучувате авионскиот режим на вашиот смартфон и музиката во вашите безжични слушалки престанува да се репродуцира. Што се случува?
Едноставно, авионскиот режим (Airplane mode) го исклучува Bluetooth радиото на вашиот телефон и сега слушалките, барем додека не полета авионот, не служат за ништо.
За среќа, Google се подготвува да го смени авионскиот режим на Android 11 со кој ќе го олесни слушањето музика на летовите. Неговите инженери работат на „контекстуален режим на работа на Bluetooth во авионот“.
Според него, Android нема автоматски да го исклучи Bluetooth кога е вклучен авионскиот режим и тоа во една од следните две ситуации – кога е поврзан Bluetooth A2DP или Bluetooth слушен апарат.
Bluetooth A2DP е протокол што го користат безжични слушалки и други Bluetooth уреди за поврзување со вашиот паметен телефон. Гледајќи дали овој протокол е активен, паметните телефони со Android во иднина би можеле автоматски да откријат дали слушате музика и во тој случај да не го исклучат.
Можеби уште поважно е дека ако имате оштетување на слухот, нема да ја изгубите функционалноста на уредот во ниту еден момент за време на летот, пренесува AndroidCentral.
Не е јасно кога новиот авионски режим ќе пристигне на паметните телефони со Android, но најверојатно тоа ќе биде со следната верзија на Android – 11.
Поврзани артикли