Откако е добиена конечна дозвола од Националната агенција за електрична енергија (ANEEL), на бразилскиот енергетски регулатор, со работа во полн капацитет ќе може да продолжи ХЕ Бело Монте. Се работи за хидроцентралата со моќност од дури 11,2 GW која се наоѓа во самото срце на Амазонија, на реката Xingú во бразилската сојузна држава Pará, а која од самиот почеток на проектирањето и изградбата предизвика огромно противење од страна на јавноста и еколозите во Бразил.
Постројката се состои од 18 турбини и трета е по големина хидроцентрала во светот. Вкупната инвестиција изнесувала 9,19 милијарди долари, а реализацијата на проектот речиси секојдневно беше пропратена со штрајкови, вандализам, одложување во издавањето дозволи и судски забрани.
Сепак, со првите испораки на електрична енергија во бразилскиот електроенергетски систем, електраната започнала уште во април 2016, речиси една година по првобитниот план, а изградбата започнала во 2011. Но, дозволата за работа неколку пати е повлекувана поради негативните влијанија на проектот врз животната средина. На пример, акумулационото езеро кое настанало со изградба на браната потопило 400 000 хектари амазонска прашума, а 20 000 од домородното население принудно е иселено.