Крајот на секоја година ја обележуваат многубројни листи и прегледи, а светот на технологијата не е исклучок.

Технолошката компанија Apple направи листа на десетте најпреземани бесплатни апликации за изминатата 2019 година и ја сподели со своите корисници.

Прва на листата е апликацијата за Youtube, која ја држи оваа позиција веќе втора година по ред. На второ место е Instagram, а на трето Snapchat.

Можеби најголемо изненадување на листата за 2019 година е апликацијата TikTok која во период од само една година забележа скок од 16-то на високото четврто место.

Листа на десет најпреземани бесплатни апликации:

  1. YouTube
  2. Instagram
  3. Snapchat
  4. TikTok
  5. Messenger
  6. Gmail
  7. Netflix
  8. Facebook
  9. Google Maps
  10. Amazon

Извор: B92.net