Апликација што го олеснува префрлањето на фотографии од телефонот на компјутер.

Нова бесплатна апликација на Microsoft им овозможува на корисниците на Windows 10 да ги префрлаат податоците од својот компјутер на мобилниот телефон многу полесно од кога било досега.

Апликацијата Your Phone дозволува со едноставно повлекување да се пренесат фотографии или текстуални пораки од Android уредот на компјутер.

Апликацијата може да се преземе од продавницата за апликации Microsoft Store, а наскоро треба да добие поддршка за известувања и стримање на содржини на компјутерот.

Андроид телефоните мора да се поврзат со компјутерот користејќи Windows Settings или преку апликацијата. Таа треба да се преземе пред да ги завршите сите поставки.

За да биде успешно, потребен ви е компјутер со Windows 10 со сите најнови ажурирања и паметен телефон со Android кој работи на Android 7 или понова верзија.

Извор: B92.net