Компанијата Xiaomi се одлучи за промени во своето раководство, што ќе резултира со замена на седум раководни лица во фирмата.
Пред се, Xiaomi ќе добие нов главен извршен директор, а тоа ќе биде Lu Weibing (на фотографијата), кој досега ја извршуваше должноста на генерален директор на брендот Redmi и потпретседател на групацијата Xiaomi.
Досегашниот главен извршен директор Lei Jun оваа функција ја извршуваше само привремено, околу шест месеци. Оваа замена ќе и помогне на кинеската компанија полесно да се позабави со идните предизвици, како што се 5G технологиите и AIoT (AI of Things).
Wang Xiang станува претседател, а Li Bin и He Young ќе станат потпретседатели на Xiaomi групацијата. Бившиот главен финансиски директор Zhou Shouzi ќе ја преземе позицијата потпретседател на меѓународниот оддел на компанијата. Компанијата конечно ќе ја напушти еден од нејзините основачи Li Wanqiang.