Истражување на Kaspersky за онлајн безбедноста на децата

Имајте доверба, но потврдете: дигиталната претпазливост им помага на родителите да ги заштитат децата од можни закани преку Интернет.

Новото глобално истражување од Касперски откри дека кога станува збор за Интернет безбедност, некои родители претпочитаат да се заштитат отколку да му веруваат на расудувањето на нивното дете. Иако повеќе од две третини (67%) од родителите барем донекаде се согласуваат дека нивните деца се целосно запознаени со ризиците од Интернет, околу половина се претпазливи со користење разни алатки и практики за да се осигурат дека нивните деца се безбедни додека користат Интернет.

Во времето кога децата на возраст меѓу седум и 12 години имаат пристап до многу исти дигитални услуги што ги користат и нивните родители, како што се веб-страници за видео стриминг или други дигитални алатки, има многу веб закани и ризици, кои можат да влијаат на ставовите на децата кон Интернетот. Многу родители се свесни за тоа и сакаат да комуницираат со своите деца за тоа како да се избегнат можните опасности.

Постојат докази дека водењето отворени дискусии за безбедно сурфање на Интернет, помеѓу детето и родителот, е ефикасно. Затоа, две третини (67%) од родителите барем донекаде се согласуваат дека нивните деца се целосно запознаени со ризиците преку Интернет. Покрај овие значајни дискусии, родителите би можеле да бидат поттикнати да преземат поактивен пристап за да дознаат што гледале нивните деца на Интернет.

На пример, половина (50%) рачно ги проверуваат уредите на нивните деца – како преглед на историјата на пребарување на прелистувачи. Ова може да биде резултат на тоа што нивното дете претходно криело активност на Интернет или не ги послушало родителските совети. Некои родители ја користат техниката на „дигитално казнување“, каде им забрануваат на своите деца да користат уреди ако се однесувале спротивно на правилата. Половина (52%) од родителите, на своите деца им утврдуваат временски рокови за употреба на уреди поврзани на Интернет.

Повеќе од третина (35%) имаат инсталирано родителски контроли на уредите на нивните деца со цел да ја забранат или ограничат употребата на Интернет или опциите за сурфање. Скоро третина (30%) од родителите користат вградени родителски контроли, како оние што се наоѓаат во конзолите за видео игри, за да ги чуваат своите деца безбедни. Слично на тоа, 30% исто така ги користат поставките во семејни рутери за Wi-Fi за да го исклучат пристапот до Интернет по одреден временски период.

„Бидејќи скоро секое дете сега има пристап до уред поврзан со Интернет, постои веројатност дека тие ќе наидат на несоодветна содржина или ќе бидат засегнати од закана од Интернет – како што е зближување со детето со лоши намери (grooming) или кражба на идентитет. Нашето истражување покажува дека родителите се разбирливо загрижени затоа што семејните разговори и совети можеби не се секогаш доволни за да се осигурат дека нивните деца се свесни за ризиците од сурфањето на Интернет; многу родители исто така користат апликации за контрола на содржината и времето поминато на уредите. Ги охрабруваме родителите да ги тргнат на страна какви било претпоставки што можеби да ги имаат во врска со Интернет навиките на нивните деца на една страна и да имаат отворен дијалог со своите деца за потребата да ги контролираат нивните дигитални активности и безбедноста на Интернет, затоа што тие не можат намерно да се сретнат со штетните содржини“, вели Мирослав Корен, генерален директор за Источна Европа во Касперски.

За да им помогне на родителите да ги заштитат децата и остатокот од семејството од закани преку Интернет, Касперски препорачува:

  • Усвојување автоматско блокирање на уредот за да помогнете во контролата на времето што вашето дете го поминува на нивниот компјутер, паметен телефон или таблет. Исто така, ги спречува децата да го поминуваат целото слободно време пред екран и може да се постави време кое сметате дека е прифатливо.
  • Социјалните медиуми се дел од личниот простор на детето, така што следењето на нивното однесување преку Интернет би можело да се сфати како нарушување на приватноста – тоа особено е случај кај постарите деца. Едноставно побарајте да бидете вклучени за да можете подобро да разберете за нивните интереси и да воспоставите поблиска врска.
  • На децата ретко им се допаѓа да зборуваат за нивната содржина на социјалните медиуми со родителите. Најдоброто нешто што треба да направите е да разговарате за тоа како тие го користат, без да критикувате или вршите притисок, и да понудите совети за тоа како внимателно да воспоставуваат нови пријателства или врски.
  • Со претплата на семејното издание на Kaspersky Security Cloud, родителите можат да имаат корист од низа карактеристики за да го одржуваат целото семејство безбедно на Интернет. Услугата вклучува  Kaspersky Safe Kids– која е специјално дизајнирана за да го заштити користењето на Интернет на децата и да ги заштити приватните податоци.