Samsung Galaxy A (2020) телефоните пристигнуваат на 12. декември (ВИДЕО)

Samsung наскоро ќе ги претстави првите членови на својата Galaxy A (2020) серија. Тоа ќе се случи за помалку од десет дена, а беше потврдено на официјалниот профил на YouTube на Samsung Vietnam, каде e објавено кратко најавно видео, со кое се повикува јавноста да обрне внимание на скорото претставување на новата серија смартфони кои традиционално го покриваат средниот опсег и го сочинуваат најголемиот дел од продажбата на јужнокорејскиот гигант.

Иако не е најавено кои телефони ќе бидат претставени тој ден, можеме да очекуваме дека ќе се работи за моделите Galaxy A51 и A71, бидејќи информациите за нив веќе се појавуваа во последните неколку недели. Исто така, од видеото може да се видите и исклучително амбициозниот дизајн на телефонот, каде практично целата предна страна е покриена со екран, а тоа одговара на рендерите на Galaxy A51 и A71 кои се појавија пред неколку недели.

Од видеото и фотографиите може да се види дека на предната страна на смартфоните ќе се наоѓа отвор за предната камера во стилот на Galaxy Note10 линијата и дека на задната страна ќе се наоѓа камера модил во аголот во облик на буквата L, слично како и кај споменатиот флегшип модел. Се очекува телефоните да имаат вкупно четири камери.

Впрочем, погледнете го и самите видеото со кое се најавува презентацијата на новите модели: