Intel ја заврши продажбата на најголемиот дел од својот бизнис со модеми за мобилни уреди на компанијата Apple. Договорот, кој беше објавен во јули, вреди 1 милијарда долари, иако Intel неодамна посочи дека so овој деловен потег забележал загуба од повеќе милијарди долари (за што го обвинува Qualcomm).
Продажбата го вклучува само бизнисот на Intel со модемите за телефони, бидејќи производителот на чипови сè уште ќе може да креира модеми за компјутери, IoT уреди и автономни возила.
Со крајот на договорот, Apple во својот синџир на снабдување ќе има повеќе технологии, кои на компанијата ќе и овозможат да стане уште понезависна од надворешните снабдувачи кога станува збор за дизајнирање и производство на клучните компоненти за мобилните уреди.
Компанијата веќе некое време се обидува да се дистанцира од екстерните снабдувачи на чипови, а гласините сугерираат дека Apple планира да се дистанцира и од процесорите на Intel на некој од своите компјутери и да премине на сопствените процесори засновани на ARM.