Информациите за Galaxy S11 линијата на Samsung се појавуваат се почесто, а веќе имавме прилика да ги видиме рендерите на сите три верзии на претстојните телефони. Се појавија и детали за камерите, како и Geekbench листинг. Сега е тука фотографијата од заштитата на екранот за Galaxy S11, која открива тенки рамки околу дисплејот и централен отвор за предната камера.

Делува како рамките да се намалени во сите аспекти во однос на она што го имаме кај Note 10 линијата. Се очекува дека Galaxy S11 ќе има 6.7-инчен Dynamic AMOLED панел со QHD+ резолуција и 120Hz освежување. Помалиот S11e би требало да има 6,4-инчен FHD+ панел, додека S11+ ќе пристигне со 6.9-инчен QHD+ екран.

Сите три телефони веројатно ќе имаат вграден сензор за отпечаток од прст под екранот, а гласините исто така споменуваат и копчиња за вклучување и звук од десната страна на рамката.