Феномен на Гренланд: Езеро исчезна за само пет часа (ВИДЕО)

Езеро на површината на дебелиот слој мраз на Гренланд почна да се празни низ длабоки пукнатини и тој феномен се очекува да биде почест поради климатските промени.

Слојот мраз на Гренланд може да биде дебел еден километар, а на лето е вообичаено дел од површината да се стопи и да се создаде езеро. Тоа езеро потоа ќе пронајде пукнатина во ледот, ќе ја прошири под притисокот и ќе создаде голем отвор кој се спушта до дното.

Овој феномен е тежок за директно набљудување, но научниците од Кембриџ имаа среќа во јули 2018 година да снимат празнење на езеро.

Неколку дена по доаѓањето две третини од езерото или скоро пет милиони литри исчезнале од површината за пет часа. На снимките од воздух, кои се направени пред и потоа со помош на дрон, се гледа голема темносина елипса како се намалува во светлосин круг со помала длабочина.

„Со помош на дрон успеваме да направиме висококвалитетни снимки на подрачја кои не се безбедни за научниците“, вели Том Чадли.

Целта на истражувањата објавени во PNAS е поопширно да се опише создавањето на тие големи пукнатини низ кои подоцна тече водата од површината на дното, со што се забрзува поместувањето на глечерите.

„Количината на водата што се празни од езерото може да се зголеми на нови локации за кои досега не сме знаеле“, вели Чадли.

Извор: Jutarnji.hr