Првите паметни телефони со екран на преклоп сега се достапни на пазарот, а наскоро може да видиме и таблети со слична технологија. Ова може да се заклучи од апликациите за патенти на Samsung во EUIPO и WIPO за сличен вид на уред, кои беа откриени од LetsGoDigital. Од скиците е откриен модел кој се преклопува на два дела, а врз основа на приказите беа направени доста интересни рендери.
Изгледа дека моделот нема надворешен екран кога е склопен, а преклопувањето ќе биде вертикално. Таблетот ќе има поголем екран од Galaxy Fold, кој е со големина од 7,3 инчи во отворена состојба. Покрај тоа, аглите на таблетот се поостри од оние на „флексибилниот“ телефон, каде се заоблени.
Хардверските копчиња за контрола на јачината на звукот и вклучување се наоѓаат десно од куќиштето, а на дното има отвори за звучникот и порта за полнење и пренесување на информации. Во горната рамка ќе има и отвор за звучник. Треба да имате предвид дека не секогаш постоењето на патент е доказ дека компанијата ќе продава одреден производ.