Vivo својот најнов V17 телефон од среден сегмент ќе го претстави на 9. декември во Индија. Смартфонот, според најновите протечени информации ќе биде поинаков од варијантата за рускиот пазар, која веќе е претставена.
Сајтот 91Mobiles објави рендери, кои покажуваат дека претстојниот Vivo V17 ќе има punch-hole дисплеј и тенки рамки од двете страни. Екранот го носи името „iView display“, а името го даде компанијата Vivo. На задната страна е присутен систем со четити камери во L-облик, а сместен е во правоаголен модул.
Vivo V17 ќе го покренува осмојадрен Snapdargon 675 чипсет и ќе има 4500mAh батерија. Системот од четири задни камери ќе го предводи главниот сензор од 48MP.
На првата фотографија се наоѓа претстојниот Vivo V17, додека втората фотографија ја прикажува руската варијанта на смартфонот.