Речиси една четвртина од младите луѓе толку многу се потпираат на паметните телефони што тоа се претвора во зависност, сугерира психијатриска студија пренесена од BBC.

Студијата на Универзитетот Кинг Колеџ во Лондон покажува дека ваквото зависносничко однесување значи дека луѓето паничат или се чувствуваат измамени ако им се одземе постојан пристап до мобилниот и дека младите не можат да го контролираат времето што го поминуваат на своите мобилни телефони.

Студијата предупредува дека ваквите зависности имаат сериозни последици по менталното здравје.

Како дел од студијата објавена во списанието BMC Psychiatry, беа анализирани 41 студија во кои биле вклучени 42.000 млади луѓе како дел од нивната студија за „проблематична употреба на паметните телефони“.

Според студијата, 23 проценти од испитаниците откриле зависно однесување – како што е вознемиреност поради немање пристап до уредот или од неможност да го контролираат времето поминато на уредот и тоа  во толкава мерка што е штетно за другите активности.

Ваквото зависно однесување може да биде поврзано со други проблеми како што се стрес, депресивно расположение, недостаток на сон или ограничени успеси на училиште, се наведува во студијата.

„Паметните телефони нема да исчезнат и затоа е потребно да се разбере обемот на проблематичното користење на овие уреди“, вели научникот Никола Калк од Институтот за психијатрија, психологија и невронски мрежи на „Кингс колеџ“ во Лондон.

„Не знаеме дали паметниот телефон може сам да создаде зависност или е создадена од апликациите што ги користат младите“, вели Калк.

„Во секој случај, јавноста треба да биде запознаена со проблемот со користењето на паметните телефони кај младите луѓе и децата, а родителите треба да бидат свесни колку време нивните деца поминуваат на овие уреди“.

Ко-авторката Саманта Сон предупреди дека зависностите „можат да имаат сериозни последици врз менталното здравје и секојдневното функционирање и затоа има потреба дополнително да се истражи проблематичната употреба на мобилните телефони“.

Извор: Geek.hr