Може ли голем телевизор во мала соба?

Ставот „помалото е повеќе“ може да се примени во многу ситуации, но не и кога е во прашање големината на екранот на телевизорот. Стандардите се променија и станува незамисливо да се гледа со друштво омилениот филм или финале на Лигата на шампиони на телевизор од 32 инчи, зарем не?

Меѓутоа, многу корисници при купувањето телевизор се двоумат и размислуваат, мислејќи дека големиот екран ќе ја „проголта“ малата соба или дека ќе се чувствуваат како да седат во прв ред во кино.

Оддалеченоста на која седите од екранот би требало пресудно да влијае на неговата големина. Затоа компанијата Samsung разви формула која може да биде од помош. Кога ќе се подели со два, оддалеченоста од која вообичаено ја гледате омилената програма претставува препорачана големина на екранот. Доколку да кажеме, телевизија гледате од оддалеченост од 150 инчи, препорачана големина на дијагоналата е 75.

При купувањето на телевизор, од исклучителна важност се и аглитена гледање и распоредотна мебелот во собата. Во идеален случај, телевизорот би требало да биде поставен во висина на очите, или барем не повеќе од 15 стеоени под или над, односно, 40 степени лево или десно, за да се чувствувате што поприродно и да ги избегнете болките предизвикани од непријатната положба.

Понатаму, важно е дали обично гледате ТВ сами или во голема група: на програмата е вашиот омилен натпревар, сте ја собрале екипата, сте направиле пуканки, се подготвено и… некој повторно седнал на вашето централно место пред телевизорот. За да може секој да ужива во беспрекорниот квалитет на сликата од било кој агол на просторијата бирајте екрани со Ultra Viewing Angle технологијатакоја овозможува приказ на величествени бои. Развојот на техноилогијата, дигитализацијата и тежнението кон создавање беспрекорни уреди направија кога е во прашањето големината на телевизори, познатото „помало е повеќе“ да стане „што повеќе (поголемо), тоа подобро“.