На 15 ноември и земјава доби своја платформа како Amazon и еBay. Emаk.mk ќе им го реши проблемот на оние што досега сакаа, а не можеа да продаваат онлајн. Никогаш не било полесно да ја отворите својата интернет продавница, да огласувате, да продавате, лицитирате и да заработувате, или, пак, да купувате.
Следејќи го чекорот на модерниот купувач што знае точно што сака да купи, а не сака да талка од една до друга продавница, emаk.mk нуди можност да се купува онлајн (и од компјутер и од мобилен телефон), да избирате дискретно и прегледно, а производот да ви биде донесен дома. Олеснување е поделбата во различни категории за пребарување, но и опцијата да изберете град. Брзото наоѓање е овозможено со пребарувачот кој располага со најголемиот опсег за опишување на производот или услугата.
Emak.mk нуди максимална грижа за своите корисници и гарантира 100% сигурност дека купувачот ќе ја добие нарачката. Откако ќе купите нешто добивате известување кога е испратена и кога треба да пристигне нарачката. Од кого купувате можете да следите во секое време благодарение на рангирањето на продавачите. Најдобрата оценка за продавачот значи зголемена потрошувачка и клиенти што му веруваат, а за купувачите е уште една потврда дека купувањето е сигурно и безбедно.
Имајте на ум дека во 2019 година дури 4 милијарди луѓе или 53% од светската популација се приклучени на интернет, а дури 92,6% користат мобилен телефон. Од нив 84% дневно на интернет поминуваат по шест и пол часа, а од нив 2 милијарди купуваат преку интернет. Така избегнуваат да се туркаат во гужва, да чекаат ред на каса или да лутаат по продавници, купуваат дискретно и поевтино, а попрегледно им е споредувањето на цените и производите.
Поврзани артикли