Во текот на претходниот месец имавме голем број протечени информации и гласини за претстојниот Huawei Nova 6 телефон, како и неговата 5G варијанта, чија објава се очекува на 5. декември. Сега дојавувачот Slashleaks истакнува дека Huawei планира и буџетска верзија на телефонот, под името Nova 6 SE.

Кога е во прашање дизајнот, Nova 6 SE потсетува на Nova 5z моделот, кој е објавен минатиот месец има punch-hole дисплеј и систем со четири камери на задната страна. Постерот за Huawei Nova 6 SE открива дека телефонот ќе има сличен дисплеј и систем со четири камери кој е поместен во горниот лев агол.

Се очекува дека дисплејот ќе остане IPS LCD, бидејќи Nova 6 SE уредот е наменет за средниот сегмент на пазарот. Од десната страна на рамката се наоѓа сензор за отпечаток од прст/копче за вклучување, заедно со копчињата за контрола на звукот.

Објавен е уште еден постер, кој открива дека телефонот ќе користи Kirin 810 чипсет и ќе поддржува 40W Huawei SuperCharge.