Најновите лаптопи на компанијата Huawei пристигнуваат во форма од 14 и 15,6-инчи, со идентичен хардвер и дизајн. MateBook D 14 и 15 имаат 1080p екрани со 16:9 однос на страници, тенки рамки и сензори за отпечатоци од прст за брзо логирање.
Моделот од 14 инчи има тежина од 1,38 кг, додека 15-инчниот модел има тежина од 1,62 кг. Присутна е и скриена камера, која е сместена во тастатурата.
Двата лаптопа пристигнуваат со десеттата генерација на Intel Core i5/i7 или AMD Ryzen 5 процесори. Кога е во прашање графичката картичка, тука е Nvidia GeForce MX250, достапни се 8GB или 16GB RAM и до 512GB SSD простор за складирање. За софтверска поддршка е задолжен Windows 10, а тука е и Linux опцијата за оние кои ја преферираат оваа платформа.
Лаптопите нудат еден USB Type-C порт два USB 2.0 приклучоци, еден USB 3.0 порт, HDMI како и 3.5mm влез за слушалки. Моделот од 14 инчи има 56Wh батерија, додека 15-инчниот лаптоп има 42Wh батерија.
Двата MateBook D лаптопи имаат почетна цена од околу 525 долари, а во продажба ќе се најдат од 12. декември.