На својата конференција Xiaomi Developers Conference во Пекинг, кинеската компанија претстави нова технологија на полнење на паметните телефони, која од следната година би требало да почне да се вградува во уредите од премиум сегментот.
Во прашање е, претходно најавуваната, Super Charge Turbo Технологија на брзо полнење од дури 100W, која е претставена преку промотивно видео прикажано на настанот.
Од Xiaomi тврдат дека на Super Charge Turbo полначите ќе им бидат доволни само 17 минути за батеријата на телефон со капацитет од 4.000 mAh целосно да се наполни.
Кинеската компанија се уште официјално не објави кои паметни телефони би можеле да бидат први кои ќе ја имаат поддршката за новата технологија на брзо полнење.
Гласините на интернет, меѓутоа, споменуваат дека тоа би можеле да бидат Mi Mix 4, како и идните Redmi K30 модели.