Бермудскиот триаголник, дел од Атланскиот океан помеѓу Флорида и Бахамите, во кој изминатите 300 години исчезнаа голем број бродови и авиони, е многу добро познат, но сè уште се коваат различни теории на заговор за причините за исчезнувањата.
Првично, исчезнувањата им се припишуваа на пиратите, сепак бродовите исчезнуваа дури и откако исчезна последниот пират од Карибите.
Паранормалните феномени како што се вонземјани, често се наведуваа како причина, а една од најчестите теории е онаа за џиновска лигња која голта бродови.
Последната теорија можеби не е неточна смета тим јапонски научници.
Морските биолози Цунеми Кубодера и Киочи Мори во 2005 година забележале гигантски лигњи кои агресивно ги напаѓале мамките коишто тие ги поставиле.
– Во октомври 2005 година, јапонските научници откриле зачудувачко откритие на брегот на Токио, во близина на островот Бонин – џиновска лигња долга околу 9 метри. Истражувачите од Националниот музеј на науки во Јапонија го идентификуваа суштеството како Архоотитис – редок вид што ги напаѓа мамките со екстремна сила и насилство – вели бермудскиот истражувач, Роб Симон.
Тој верува дека ова докажува дека нешто слично може да се случува во Бермудскиот триаголник.
– Легендата за џиновските лигњи не е легенда – тие постојат – некои од нив се долги повеќе од 150 метри, ако можете тоа да го замислите. Не знаеме што лежи во длабочините на океанот, би можело да биде џинско суштество, посебен вид во овој дел од океанот. Можеби неговите извори на храна се таму, не знаеме, но тоа може да го објасни мистериозното исчезнување на некои бродови, смета Симон.
Д-р Џеф Мерило, експерт за подводниот свет од аквариумот Ванкувер, објасни зошто октоподот не би можел да живее во такви води, како и дека малку е веројатно дека се работи за лигњи.
– Џиновскиот октопод се јавува само во северо-источниот дел на Тихиот океан, видот на октопод што би можел да се појави во Бермудскиот триаголник би бил многу мал вид и би се наоѓал во близина на брегот – рече тој, додавајќи дека легендите за џинските суштества од морето потекнувале во време кога луѓето во мали чамци ловеле китови, вели Мерило.
– Најверојатно не се работи за октопод. Единствениот вид што би можел да нападне мал брод би бил роднина на октопод, џиновска лигња – заклучува тој.Теоријата за џиновска лигња која голта бродови, е интересна, но не го објаснува исчезнувањето на авионите во регионот на Бермудскиот триаголник.