Замената на оштетените делови кај паметните телефони често е многу скапа. Цената на резервните делови зависи и од тоа дали се работи за флегшип уред или за некој од поевтините мдоели од долниот и средниот сегмент на пазарот.
Mate X со цена од преку 2.000 долари сигурно не е меѓу најевтините телефони на пазарот (засега само на кинескиот), но и ценовникот на резервните делови му е исто така скап. Кинеските медиуми успеаја да ги дознаат цените на резервните делови за наведениот телефон, а меѓу најевтините ставки се батеријата и капакот на батеријата, кои чинат околу 39 и 50 долари.
Но, бидејќи наведениот уред во најголем дел е екран, неговата цена е значително поголема – дури 1.000 долари, што значи дека речиси половина од цената на уредот се однесува на дисплејот. Останатите компоненти се колку-толку евтини, барем во однос на цената на екранот. За промена на матичната плоча, Huawei ќе наплати околу 510 долари, додека замената на камерата, купувачот ќе го чини околу 100 долари.
Иако цената за замена на екранот е прилично висока, истата е и очекувана, бидејќи се работи за посебен вид дисплеј кој може да се превиткува. На тоа треба да се додаде и дека смартфоните со флексибилни екрани се уште се реткост на пазарот, па и цените на резервните делови се поголеми, а еднаш кога свитливиоте дисплеи ќе станат стандард за поголем дел од уредите, ќе се намалат и цените.