Apple претстави низа нови батериски куќишта за iPhone 11, 11 Pro и 11 Pro Max, а иако изгледаат како минатогодишните, сепак имаат една предност.

Куќиштата се достапни во црна, бела и розева боја и натаму поддржуваат безжично полнење. Меѓутоа, новиот трик е физичко копче кое овозможѕва автоматско активирање на камерата, дури и кога смартфонот е заклучен.

Доколку го свртите смартфонот хоризонтално пред фотографирањето, десниот показалец природно ќе бие блиску до споменатото копче. Држењето на копчето ќе го активира снимањето на видеото со користење на новата QuickTake опција достапна на годинашните модели на iPhone.

Батериските куќишта на Apple чинат 129 долари без оглед на моделот на iPhone, а пружаат 50 проценти подолго траење на батеријата.

iPhone 11 и 11 Pro веќе имаат импресивни батерии, но куќиштето ќе се покаже корисно во ситуациите кога немате пристап до полначот ден или два.