Поради опасност од пожар, автомобилскиот гигант BMW ќе повлече 230.000 возила ширум светот, опремени со четирицилиндрични дизел мотори.
Целата акција е лансирана минатата година, а сега, откако откриле дека се погодени повеќе возила, го проширија обемот на отповикување.
BMW тврди дека ризикот од пожар е минимален, а засегнатите сопственици можат да проверат дали нивниот модел е засегнат со проверка на VIN бројот на официјалната страница на BMW.