Најактивните корисници на Google Maps сега можат да им бидат локални водичи и ментори на сите што ги посетуваат нивните градови.
Имено, Google подготвува нова стратегија која ќе им овозможува на корисниците да ги пронајдат најдобрите ресторани во градовите што не ги познааваат. Се работи за тоа дека најактивните корисници на Maps ќе бидат толкувани како водичи, а новата опција овозможува да се следат оние кои се оценуваат како адекватни, а за да можат да се искористат нивните препораки.
На овој начин, заинтересираните ќе можат да откријат кои места ги посетуваат водичите, и што препорачуваат, а доволно е да кликнат на „follow“ и препораките да ги видат во For You табот, но и на самата мапа. На овој начин, туристите во иднина лесно ќе можат да пронаоѓаат ресторани што им одговараат, врз основа на препораките на оние што Google Maps ќе ги избере за локални водичи.
Тест опцијата би требало да се појави наскоро, и тоа во девет светски градови – Бангкок, Лондон, Токио, Њу Делхи, Мексико Сити, Њујорк, Сан Франциско, Осака и Сао Паоло. Ќе помине уште некое време додека соодветните водичи да станат достапни во сите делови на светот, а најголемата предност е во тоа што корисниците ќе можат да прочитаат и препораки, наместо едноставно да им веруваат на апстрактните оценки во облик на ѕвезди.
Поврзани артикли