Како одговор на прашањето зошто ви е толку тешко да го оставите телефонот, одговорот во најголем број случаи би гласел – затоа што сте зависни од него. Што вели науката за ова?
Секој пат кога ќе го земете телефонот в раце сте навлечени на одвлекување на вниманието, како поради паметниот дизајн на тие уреди и апликации, така и поради напливот на допамин (хормон одговорен за чувство на задоволство и среќа).
Меѓутоа, науката нуди нешто поинакво, алтернативно објаснување. Дали е можно нашиот мобилен уред да нè привлече не затоа што сме зависници, туку затоа што се обидуваме да го избегнеме гласот во нашата глава?
Неговиот тим составил група луѓе во соба од која биле отстранети сите предмети кои можат да го нарушат вниманието: телефони, пенкала, хартија и слично.
Луѓето во следните 15 минути седеле во собата, сами со своите мисли. Тимот на Вилсон открил дека повеќето луѓе од групата ова искуство го оцениле како досадно, односно искуство во кое ни малку не уживале.
Научниците потоа направиле друг експеримент, со тоа што на масата во собата ставиле уред кој им овозможил на луѓето да се „пецнат“ себе со мини струен удар.
Крајниот резултат е следниот, за 27 проценти од жените и 67 проценти од мажите фактот дека мора да престојуваат во соба сами со себе била толку неподнослива што одлучиле сами себе да се „пецкаат“ со струја. Еден човек тоа го повторил дури 190 пати.
Вознемирувачкиот исход од ова истражување е сознанието дека повеќето луѓе попрво би се повредиле себе си отколку да останат сами со своите мисли.
Извор: B92.net
Поврзани артикли