Samsung префрла дел од производството на паметни телефони во Кина

Мобилниот гигант Samsung планира да пренесе една петтина од производството на паметни телефони во Кина во првиот квартал од следната година.

Самсунг се одлучи за овој потег делумно поради конкурентскиот притисок во класата на достапни паметни телефони, како и на оние од средната класа.

Големите кинески производители Huawei, Oppo, Xiaomi и Vivo стануваат популарни и во другите делови на светот надвор од Азија, а купувачи се главно млади луѓе кои на нови телефони трошат од 200 до 250 долари.

Samsung планира и нови прифатливи модели од својата популарна линија А паметни телефони, така што некои верзии ќе добијат и премиум карактеристики, како што е системот со повеќе камери.