Компанијата Realme се подготвува да го претстави својот нов паметен телефон Realme 5s, кој ќе му се придружи на постоечкиот Realme 5 модел.
Од задната страна на куќиштето со црвена боја, освен сензорот за отпечатоци од прсти, сместен е и системот од четири камери. Тој се базира на 48-мегапикселниот главен сензор, што е надградба во однос на 12-мегапикселниот сензор кај обичниот Realme 5 модел. Тука е и 8-мегапикселната ултраширока камера, 2-мегапикселната макро камера и 2-мегапикселниот сензор за длабочина.
Останатите функции не се познати, но одредени информации споменуваат 1080p екран, поддршка за брзо полнење и USB Type-C приклучок.