HTC го претставува евтиниот Desire 19s со тројна задна камера

По финансиски поприфатливата верзија на Exodus блокчејн смартфонот – Exodus 1s, HTC реши да го претстави класичниот entry-level паметен телефон Desire 19s, наследник на минатогодишниот Desire 12s модел.

Новиот Desire 19s има 6,2-инчен IPS HD+ (1520 x 720 пиксели) дисплеј во формат 19:9 со мал waterdrop засек за селфи камерата. Телефонот е базиран на Helio P22 чипот на MediaTek, 3 GB RAM меморија и 32 GB простор за складирање што може да се прошири со microSD картички.

Фотографската компонента се состои од тројна задна камера која вклучува 13-мегапикселен главен сензор со отвор на блендата f/1.85, 5-мегапикселен ултраширок сензор со отвор на блендата f/2.2 и 5-мегапикселен сензор со длабочина со отвор на бленда f/2.2.  Споменатата селфи камера се базира на 16-мегапикселен сензор.

Тука е и батеријата со капацитет од 3850 mAh со поддршка за полнење од 10 W преку USB Type-C приклучок за слушалки, сензор за отпечатоци од прсти и поддршка за Bluetooth и NFC. На пазарот пристигнува со цена од 180 евра.